АктуелноЛокално

Апасиев: Цените вртоглаво растат – политичката елита се шета по светот

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи жестоко реагираше на новиот бран на поскапувања на основните намирници и производи за хигиена. Тој предупреди дека животот за граѓаните станува сѐ понеподнослив, додека, како што вели, функционерите на власта продолжуваат да живеат во луксуз и да шетаат низ светот со нивните фамилии на сметка на народот.

„Од вчера, цените на основните намирници повторно вивнаа до небо. Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни – сѐ е поскапено!“, напиша Апасиев, наведувајќи конкретни примери: влажните марамчиња скокнале од 60 на 100 денари, а тоалетната хартија од 95 на 140 денари.

Тој алармира дека покрај менталното, и одржувањето на личната хигиена станува луксуз, особено за просечните граѓани. Апасиев истовремено ги критикува привилегиите на владејачките структури, алудирајќи на неодамнешните службени патувања на функционери и нивните семејства во странство.

„Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат… А ви ‘душмани’ – бурек и јогурт (ако има)“, пишува лидерот на Левица, со критика кон гласачите кои, според него, продолжуваат да ја поддржуваат власта од ситни лични интереси.

Апасиев во својата објава употреби и хаштагот #VmroNevermore, повторувајќи ја паролата на неговата партија за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата реакција доаѓа во период кога инфлацијата и растечките цени повторно се во фокусот на јавноста, особено во пресрет на изборниот период и соочувањето со економските предизвици на граѓаните.

Целиот негов статус во продолжение: