Сојузот на борците од Битола денеска потсети на значајниот настан од Народноослободителната борба, кога на денешен ден во 1942 година, во центарот на Битола, беше ликвидиран бугарскиот фашистички обласен полициски началник Александар Ќурчиев.
Настанот, кој оставил силен белег во борбата против фашизмот, се случил кај месноста позната како Калуѓериците. Ќурчиев, кој бил одговорен за апсењето на бројни македонски илегалци и симпатизери на движењето, бил убиен од страна на Народниот херој Стефан Наумов-Стиф. Наместо да ја предаде личната карта при легитимирање, Стиф извадил пиштол и веднаш го ликвидирал злогласниот полициски началник.
По нападот, Стиф се засолнил во куќата на Пецо и Антула Стефановски, која служела како засолниште за партизанските борци. И покрај жестоката полициска блокада на градот и претресот на куќата, со снаодливоста на домаќините, борците не биле откриени.
Овој храбар чин на отпор одекнал и надвор од границите на тогашна Македонија. На 9 мај 1942 година, престижниот американски весник Њујорк Тајмс објавил вест за атентатот врз Ќурчиев, извршен од македонскиот борец за слобода Стив Наумов.
Во чест на овој историски чин, Сојузот на борците го реафирмира значењето на народноослободителната борба и храброста на македонските партизани во отпорот против фашизмот. Сликата „Стив Наумов го убива бугарскиот началник Ќурчиев“, дело на Тоде Ивановски, останува уметничко сведоштво за еден од најдраматичните моменти од тој период.
Целата нивна објава во продолжение:

