АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Левица не коалицира со корумпирани – ДУИ, СДСМ и ДПМНЕ се дел од истиот пазарџиски картел

Во своето последно гостување на КТВ, лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, остро реагираше на изјавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по повод интерпелацијата што Левица ја поднесе против него. Апасиев јасно посочи дека Левица никогаш не била дел од пазарења за обезбедување двотретинско мнозинство, алудирајќи на соработката меѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Партнери на ДУИ и СДСМ можат да бидат само ДПМНЕ – секогаш кога им треба 2/3 мнозинство, тие си обезбедуваат. Левица никогаш не била дел од такви пазарења“, изјави Апасиев, нагласувајќи дека неговата партија останува доследна на своите принципи и не учествува во политички договори кои ги компромитираат интересите на граѓаните.

Со овие изјави, Апасиев ја потврдува позицијата на Левица како партија која се дистанцира од традиционалните политички елити и нивните пазарџиски договори, истакнувајќи ја својата посветеност на принципиелна и транспарентна политика во интерес на граѓаните.

Видео КТВ

Z P

Zvezdanka Pesikj