АктуелноИнтернационално

Кинеското МНР го осуди потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс поради навредливата изјава за Кинезите

Кинеското Министерство за надворешни работи остро ги осуди неодамнешните коментари на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој во интервју за „Фокс њуз“ ги нарече Кинезите „сељаци“.

„И зачудувачки и за жалење е да се слушнат вакви игнорантни и навредливи изјави од страна на еден претседател,“ изјави портпаролот на Министерството, Лин Џијан, нарекувајќи ја изјавата на Венс навредлива и понижувачка.

Во интервјуто, Венс рече: „За да биде уште појасно, ние позајмуваме пари од кинески сељаци за да ги купиме работите што токму тие кинески сељаци ги произведуваат.“

Овие зборови предизвикаа жестоки реакции на социјалните мрежи, каде што многумина го осудија јазикот што го користи американскиот потпретседател, нарекувајќи го непримерен и деградирачки. Беа упатени повици за јавно извинување, додека други предупредија дека ваквата реторика дополнително може да ги влоши односите меѓу САД и Кина.