ЗНАМ – пералница за политички отпад и судски марифети
Откако СДС падна од власт, наместо одговорност и прочистување, гледаме уште една политичка циркулација на кадри – овој пат под чадорот на новата пералница за бивши: ЗНАМ. А знаеме што е ЗНАМ – политички рехабилитациски центар за истрошени судии, обвинители, директори, функционери и сите оние што ѝ служеа на старата власт, сега глумат жртви и бараат спас од наводен вмровски реваншизам. Каде? Во прегратките на Асномецот на батерии – Максо.
Во судството, ДПМНЕ остана немоќно како евнуси во харемот на кланот Дамеви. Мицика и дружината си играат судски реформи, ама не смеат да мрднат без дозвола од „шеикот“ Максо, кој преку далечинското на Зоран Филков управува и со комисиите и со кадровските решенија. Паралелна држава, али со фини фрази.
Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет што со месеци се обидуваат да ја симнат, останува недопирлива. А зошто? Затоа што целото семејство ѝ е длабоко вкоренето во ЗНАМ – мајка ѝ, Сијка Лазова, член на Извршниот одбор на ЗНАМ-Кавадарци, а татко ѝ редовен лик на нивните собири. Е па каква реформа да чекаме, кога фамилијарна мрежа ги држи конците?

И тука не станува збор само за политички комбинации – туку за системска ерозија на довербата во правдата. Судството не е мртво, тоа е намерно парализирано, и тоа од тие што треба да го лечат. Народот гледа, слуша, и сѐ повеќе ги перципира судиите и обвинителите не како чувари на правото, туку како актери во една долготрајна, валкана представа.
Затоа, ако судството е харем, тогаш неговите чувари одамна му се клањаат на новиот политички султан. И не, тоа не е само шега – тоа е метафора за целата политичко-судска проституција што ни се сервира како реформа. Батерии можеби имаат, ама струја – ич.