АктуелноЛокално

Српски хирург Дугалиќ: Јавно се одрекувам од колегите кои го пуштија Вучиќ да влезе на интензивна нега

Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“, пишува N1.

Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе види како некој пушта „ненадлежен човек без капа“ на интензивна нега, каде пристапот е строго забранет дури и за членовите на семејството на пациентите.

Професорот Дугалиќ нагласи дека „изгорениците се отворени рани“ и дека пациентите кои се жртви на пожарите во Македонија се „во опасност по нивниот живот“.

Тој рече дека поради ова јавно се одрекува од „колегите кои му дозволиле на Вучиќ да влезе на интензивна нега, оценувајќи дека тоа е учество во политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на луѓето.

На прашањето дали има информации за бројот на пациенти кои побарале помош поради последиците од употребата на апарат кој може да биде „звучен топ“ во Ургентниот центар на УКЦ по протестот одржан на 15 март, Дугалиќ рече дека нема прецизни информации, но дека има такви пациенти.

Сето ова бара објаснување, бидејќи голем број луѓе се пожалија на некои проблеми, главоболки, вртоглавици, повраќање, зуење во ушите итн. Не сакам да калкулирам и шпекулирам, но во секој случај мислам дека е потребно да се утврди вистината за граѓаните да бидат спокојни, нагласи Дугалиќ.