АктуелноЛокално

Тие што преку политика стигнале до функција бараат да не мешаме политика за несреќата во Кочани

– Фејсбук статус на Андреј Михаиловски:
Гневен сум. Кога ќе видам како некој пробува да амортизира или да ги употребува најгадните и релативизаторски зборови у форма на “не мешај политика“, “не собирај поени остај тоа“, “остај тоа на надлежните“, си го поставувам прашањето кои надлежни? Тие надлежни што биле изгласани на избори?
Тие надлежни што по пат на политичка партија стигнале до функција? Градоначалниците што биле избрани и наместени од партија и добиле легитимитет од народот што ги изгласал? Тие инспектори што ради политиканство и интрига биле ставени на таа позиција? Тие полицајци што под политички притисок или поткуп ја свртиле главата на другата страна? Тие политички мивки што под притисок на другари од детство потклекнале за да им завршат услуга се со цел да соберат они поени кај нивните надлежни? Министерот за внатрешни работи и градоначалникот на Кочани се партиски колеги! Се политички сојузници и тој не бил викнат на распит!
Срамно, ужасно и крајно нечовечки е да се подбиваат тие што бараат политичка, но пред се човечка одговорност од луѓето кои што управуваат со државниот апарат, од власта. Ако пак не можете да ја согледата дијалектичката врска на политиката во нашиот секојдневен живот, тогаш не ја пополнувајте таа дупка со морализирање.