Левица: Градежната фирма ,,Еуровиа” на ДУИ прави што ќе и текне во Центар
На ул. Мирче Оровчанец позади Универзална Сала се случува комплетно кршење на градежните правила и прописи!
Имено додека траеле градежните активности забетонирана е цевката преку која поминува одводот за фекалии и со тоа граѓаните се во опасност од излевање на фекалиите во нивните домови.
Иако граѓаните се обратија кон надлежните институции и кон општината, од таму нема никаков одговор, додека фирмата ,,ЕУРОВИА” на поранешен функционер на ДУИ си прави што сака и со денови ги малтретира околните жители.
Левица прашува како е можно да се направи толку очевидна грешка и да се загрозат домовите на повеќе граѓани, а притоа општината да дозволува вакво дивеење?!
Левица Центар апелира што побрзо да излезат инспекторите на терен и да ги запрат градежните активности со цел да се спречи катастрофа со финансиски последици како и последици по здравјето на граѓаните.
Советниците на ЛЕВИЦА во Општина Центар ќе бараат најстроги казни за ваквото дивеење и санкционирање на инвеститорот!
Објавија од локалниот огранок на Левица Центар, објавата ја пренесуваме во целост: