АктуелноЛокално

(Видео) Трендафилов: Партијата на власт е против синдикатите за да не се зголемат платите

Морам да кажам дека пратеникот Бране не разобличи тотално, јас сум ВМРО-ДПМНЕ, исто толку сум и СДСМ, Левица и ДУИ. Не сум Бране ваш на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа не сум ни нивен на СДСМ на Левица ни на ДУИ.

Жално е што посветувате толку време и енергија, патем наместо од пратеничката говорница да ги браните и застапувате работничките интереси од кои сте и платени, да трчате во партискиот штаб за да држите прес-конференции мислејќи дека ако го нападнете Слободан Трендафилов како Претседател на ССМ или ако го нападнете ССМ ќе покажете дека добро се живее.

Јас мислам дека дојдовме на дебата да разговараме како ќе го подобрат животниот стандард на работниците и како Бране ќе предложи 550 евра минимална плата за да ги заштити работниците за кои во 2021/22 предлагаше 1000 евра минимална плата.

Инаку мислам дека пратениците се слуги на работниците и на граѓаните на Македонија, луѓе кои треба да слугуваат и да работат во нивни интерес, не спротивно на нивните интереси – истакна Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на вчерашната дебата на Телевизија 24 Вести.