Мојсоска: ДПМНЕ во опозиција се среќаваше со ССМ и поднесуваше амандмани за зголемување на минималната плата – сега се прават како да не ги познаваат и ги нарекуваат нелегитимни
Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека “ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата.”
Или Мицкоски лаже или појма нема што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со синдикатот ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат!
И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив?!
Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со “нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот, напиша пратеничката Мојсоска на Фесбук.