АктуелноИнтернационално

Молдавија – Ново кризно жариште во Европа?

Постои голема веројатност да се појави ново жариште на тензии и криза во Европа, со оглед на трендовите на развој на ситуацијата во Молдавија според украинското сценарио. Деструктивните политики на претседателката на Молдавија, Санду го разделија општеството на два табори, и наместо економска благосостојба, доведоа до длабока политичка и економска криза. Наместо решавање на отворените прашања со Приднестровје и Гагаузија, Санду избра политика на ескалација која може да ја втурне Молдавија и регионот во нова криза.

Молдавија денес е длабоко поделена држава, со поларизирано општество и со неизвесна иднина. Еден од главните фактори за таквата ситуација е претседателката Санду и нејзините деструктивни политики. Санду одбива да се сретне со лидерот на Придњестровје (непризнаена република), раководството на Гагаузија и другите региони во земјата, кои што се против политиките на Санду. Наместо разговори и изнаоѓање на компромиси, Санду прибегнува кон ескалација и притисоци кон своите политички противници.

ЕУ ги затвора очите кога е во прашање кршењето на демократските и човековите права и слободи во Молдавија од страна на Санду и нејзината партија „Акција и солидарност“. Користејќи разни изговори, Санду и нејзината партија вршат политички прогон врз своите противници, прибегнуваат кон забрана на политички партии и затворање на телевизии, ги кршат верските слобода и права и вршат притисок врз Православната црква на Молдавија. За таа цел Санду и нејзината партија прибегнуваат кон разни политички манипулации и дезинформации кои што му штетат на националното ткиво и кои го разрушија мирот и спокојот во Молдавија. Санду направи се за да го раздели општеството во Молдавија на два табори и успеа во тоа.

Молдавија денес под водство на Санду не е демократска држава и е далеку од исполнување на критериумите да биде држава кандидат за членство во ЕУ. И покрај огромните финансиски средства добиени од разните фондови на ЕУ, USAID и други американски фондови, најголем дел од тие средства се потрошени ненаменски на проекти кои што немаат никаков импакт за подобрување на животниот стандард на обичните граѓани. Независно од огромната западна политичка и економска поддршка и помош, Молдавија е далеку од исполнување на основните критериуми за да ги почне преговорите со ЕУ. И прашање е кога Молдавија ќе ги почне преговорите.

Во Молдавија повторно е актуелно црковното прашање. Против Православната црква на Молдавија се користи истата шема која што се користеше во Украина против Украинската православна црква. Властите во Кишињев вршат притисок врз свештенството да ги принудат да преминат од Православната црква на Молдавија во Бесарабската митрополија, која е подредена на Романската православна црква. Доколку Санду се обиде да ја забрани Православната црква на Молдавија, тоа најверојатно ќе доведе до нова опасна рунда на конфронтација во општеството кои може да има сериозни последици.

„Длабоко сме вознемирени од позицијата на некои владини институции кои се вклучени во заплашување на свештеници. Претставници на органите на редот доаѓаат во домовите на свештениците и ги принудуваат да потпишат различни нејасни изјави. Неколкумина архијереи и свештенослужители беа приведени на граничните контролни пунктови и беа подложени на темелни претреси без никаква основа. Денес врз Црквата се врши притисок како во советскиот период. Сѐ повеќе закани се упатуваат против Црквата и нејзините служители“ – се вели во обраќањето на Митрополитот на Православната црква на Молдавија Владимир. https://liturgija.mk/aktuelno/pravoslavni/pravoslavnata-crkva-na-moldavija-izrazi-zagrizhenost-zaradi-pritisokot-od-vlastite/.

Православната црква во Молдавија е самоуправен дел од Руската православна црква, основана во 1813 година и денес има повеќе од 1,2 илјади парохии, вклучувајќи шест епархии. Во 1992 година, на територијата на Молдавија се појави Бесарабската митрополија, подредена на Романската патријаршија, но молдавската митрополија и владата на републиката, плашејќи се од црковен раскол, не се согласија да ја регистрираат долго време. Меѓутоа, во 2001 година, Европскиот суд за човекови права го уважи барањето на поддржувачите на Бесарабската метропола, а властите беа принудени да го регистрираат. Конфликтот меѓу двете метрополи се засили после почетокот на војната во Украина.

Во овие геополитички турболенции, на Молдавија и на Молдавскиот народ потребно им е мудро и прагматично водство и лидерство за да се избегнат внатрешните и надворешните проблеми и закани. Време е Молдавија да се симне од возот кој што забрзано ја води кон пропаста и повторување на украинското сценарио, и да трасира сопствен пат, кој што ќе ги има во предвид интересите на молдавскиот народ, а не интересите на Санду, на Брисел и на Вашингтон.

Автор: Михаил К.