АктуелноЛокално

Петар Ристевски Пеката има и насилничко минато – Нападнал колега стоматолог во Прилеп пред 5 години

Инцидент меѓу двајца стоматолози се случил во 2019та година на улицата „Јоска Јорданоски“ во Прилеп. Тогаш 61-годишниот стоматолог, Благоја Бисеркоски, пријавил во полиција дека бил нападнат од свој колега, 42-годишниот Петар Ристески.

Ристески дипломиран стоматолог, тогашен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп и координатор на советничката група на оваа партија. Тој во 2015 година беше именуван и за директор на општата болница во овој град. Сега истиот е пратеник во македонското собрание познат по арогантниот и недоличен однос кон други пратеници и пратенички на кои им се обраќа со најпогрдни зборови и пцовки и рекордер во лапање патни трошоци на крајно сомнителен начин.

Бисеркоски подоцна го пријавил настанот во полиција.

„На 22 мај во Полициската станица Прилеп, Б.Б.(61) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 20.45 часот на улица „Јоска Јорданоски“ во Прилеп бил физички нападнат од лицето П.Р. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од СВР Битола.

Тој објави и статус на својот фејсбук профил, поврзан со настанот.

„Сношти околу 20.45 часот, отидов во слаткарницата „Дизниленд“ и надвор седеше Петар Ристески, кој ме пречека со еден куп вулгарности на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму“, напиша Бисеркоски.