АктуелноЛокално

Исмаил: Драги колеги од СДС сетете се дека на ваш предлог го избришавте АСНОМ од преамбулата и кога Груевски го смени грбот со прст не мрднавте

Народниот пратеник од Левица Реџеп Исмаил – Хактан ја искоментира лажната загриженост на СДС околу најавеното менување на грбот на Македонија.

Објавата на пратеникот ви ја прикажуваме во целост:

Не, не драги колеги од СДСМ, мора еднаш да престанете, и да се откажете од тоа да народот па и вашето членство ги третирате како рипки!

Сегашниот грб на државата (без петокрака) НЕ е грбот на АСНОМска Република Македонија – не е тој грб кој има “континуитет со НОБ”, како што денес велите, декларирајќи дека “остро” ќе сте се спротивставеле на намерата на ВМРО да го промени.

Вие добро знаете дека тоа е променет грб од страна на владата на Груевски а вие тогаш, како опозиција, воопшто не се спротивставивте, најмалку па “остро”. А оние поупатените знаат и зошто – оти и вие како и ВМРО сте протагонисти на ЕУ фундаментализмот – исти ви се менторите.

Ако на тоа не се сеќавате барем сетете се дека токму ваш предлог беше промената на Уставот за промена на името на државата со кој предлог се избришаа АСНОМските вредности заедно со преамбулата.

Грбот на Република Македонија кој има континуитет и ги носи вредностите на НОБ е овој на сликава. Од вас се очекува признавање на грешките, раскрстувсње со таквите анационални политички стојалишта, извинување и потоа заложба за исправка на тие кобни ваши грешки.