(Видео) Крмов: Левица иницира надзорна расправа за аерозагадувањето
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на денешната прес-конференција соопшти дека пратеничката група на Левица иницира надзорна расправа за енормното аерозагадување во Скопје и другите градови.
Надзорната расправа ќе се спроведе на собраниската Анкетна комисија со која претседава лидерот на Левица – пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев.
Пратеникот Крмов потенцираше дека за првпат се свикува ваква надзорна расправа со потпис од 15 пратеници, заедно со дел од пратеничката група на СДСМ.
Еден од најпоразителните податоци е тоа дека 11,6% од новороденчињата умираат заради загаден воздух, односно секое деветто бебе. Затоа ја свикавме оваа надзорна расправа.
Треба да видиме како се спроведуваат политиките за заштита на воздухот, како се извршуваат законите, бидејќи џабе ни се добри закони ако не се применуваат како што треба и што понатаму треба да преземат надлежните органи за ова горливо прашање“ – заклучи координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов.