АктуелноЛокално

Најавена изложбата „Години на пропаст“ на Саша Каталиниќ

Години за пропаст” е Медиум фотографска изложба инспирирана од временски период кој трае во недоглед или повеќе од 30 години и која ќе се одржи наскоро.

Саша Каталиниќ објавува дека “Години за пропаст” е фотографски повик, кој раскажува за социоекономската состојба во која се наоѓаме настаната од доминацијата на перверзните желби за богатење , хедонизам, потреба да живееме исклучиво во материјален свет без елементарна логика, култура, хуманост, достоинство, морал!

Ја отсликува сегашната општествена реалност која претставува чист производ од распадот на еден еклвилибриум по кој се создаде ова општествено уредувања без чувство за перспектива, кое без пардон, глобално и понатаму наметнува анатема во секоја сфера од нашето живеење. Одамна е поминато времето, прашањето останува исто-како понатаму, објаснува Каталиниќ.