АктуелноЛокално

(Видео) Познатиот синолог Игор Радев претставен на Кинеската глобална телевизиска мрежа – „CGTN“

Како научник, којшто ја цени класичната кинеска философија, преведувајќи и истражувајќи дела какви што се оние на Лао Це и Конфуциј, македонскиот синолог Игор Радев не само што претставува мост на поврзување помеѓу кинеската и западната култура, туку презема и улога на еден вид амбасадор на меѓукултирните комуникации.

Своевремно има студирано во Вухан, а подоцна завшил и докторски студии на Пекиншкиот Нормален Универзитет, стекнувајќи притоа длабински увид во процесите на заемно проникнување на кинеската традиција и модерноста.

Игор Радев цврсто верува дека дијалогот помеѓу кинеската и западната култура ќе резултира со обострано продлабочено разбирање и соработка.