АктуелноЛокално

И покрај законската обврска неколку илјади работници месечната заработка е пониска од минималната плата

Најголемиот дел од вработените во Македонија земаат плата под просечната. Ова го покажа анализата на ТВ 21 со помош на податоците на Управата за јавни приходи за исплатени плати. 

Според нивната анализа, која беше објавена претходно месецов во една дебатна емисија, 250,000 работници земаат плата под 31,999 денари или 520 евра; 180,000 работници заработуваат под 27,770 денари или 450 евра и 380,000 работници заработуваат под 41,500 денари или 675 евра. 

Податоците покажуваат и дека се’ уште има вработени кои заработуваат под минималната плата. Заклучно со 1 јануари 2024 година, нивниот број изнесувал 4,512. Благо кажано, сознанието дека се’ уште се случува ова ми сугерира дека и покрај тоа што државата кубори со работна сила, некои газди едноставно го немаат променето начинот на гледање на работниците. Минимална плата пак, примаат 7,259 вработени. 

Screenshot 2024 12 12 081027 1

Над 61,000 денари и нагоре земаат 42,271 работник. Иако оваа бројка е значително повисока од онаа на примателите на минимална плата, сепак покажува дека бројот на граѓани кои земаат 1,000 евра плата (која се смета за пристојна во денешно време) е многу мал.