Извештај за обидот за обоена револуција во Грузија
Автор: Социјалистичка платформа и Обединета комунистичка партија на Грузија.
Контекст и факти:
На 28 ноември, премиерот на владејачката партија на Грузија (Грузиски сон) Иракли Кобахиѕе ја објави одлуката за прекин на пристапниот процес за членство во ЕУ до 2028 година, истакнувајќи дека договорот за асоцијација и натаму се спроведува, само преговорите за пристапување за членство и добивањето грантови од ЕУ ќе бидат суспендирани. Договорот за асоцијација на релација Грузија-Европската унија ја олеснува соработката во трговијата, политичкиот дијалог и секторските политики, со цел Грузија да се усогласи со стандардите на ЕУ.
Кобахиѕе изјави дека процесот на пристапување и грантовите од ЕУ биле користени како алатка за уцена на Грузија во последните години и оваа одлука е донесена за да се минимизираат таквите можности.
Во јули 2024 година, амбасадорот на ЕУ во Грузија, Павел Херчински, објави дека Европската унија го запре процесот на пристапување на Грузија и замрзна 30 милиони евра помош за Министерството за одбрана на земјата.
Ова го спомена и Кобахиѕе, велејќи дека ЕУ прва ја донела оваа одлука, а Грузија само ја употполнувала, додавајќи дека доколку ЕУ одлучи да ги отвори преговорите Грузија тој исто така би го променил својот став.
По оваа одлука, САД го суспендираа договорот за стратешко партнерство со Грузија.
Протестите се одржуваат секојдневно, во различни региони, но Тбилиси е секако епицентарот на оние најнасилните. Според мои проценки, секојдневно нема повеќе од 20-25 илјади луѓе во најинтензивниот период.
Повеќето демонстранти се мирни, иако има и многу насилни, кои користат молотови, огномети и камење. Се градат барикади со градска инфраструктура (наплати, корпи за отпадоци итн.)
Има и сомнително голем број странски државјани, вклучително и Украинци, Руси, Британци, Американци и луѓе од други европски земји. Некои од нив беа уапсени поради провокации, фрлање камење и огномет кон зградата на полицијата и парламентот.
Работничката класа како организирана сила (централни синдикати, независни синдикати, иницијативни групи, рудари, металурзи, работници во метро и сл.) не ги поддржува протестите, па дури и јавно е против нив. Се разбира, има некои работници кои присуствуваат на протестите, но не како организирана сила, туку индивидуално.
Тоа е главно организирано од партиски пиони или западно идеологизирани невладини организации, а се охрабрени од претставниците на ЕУ и САД и изјавите кои овие ги даваат. Самопрогласен лидер е претседателката Саломе Зурабишвили.
Левичарите кои ги поддржуваат протестите се либералните леви интелектуалци или прозападните леви организации, исто така и некои леви студентски движења.
Студентите се охрабрувани од професорите да ги напуштат предавањата и да се приклучат на протестите.
Организаторите сега отворено се обидуваат да ги донесат децата од училиштата на протести, а претседателката дури тоа го објави на нејзиниот X (Твитер) профил.
Грузиските борци во Украина објавија видео во кое му се обраќаат на претседателот да формира Национална гарда во која тие би се приклучиле, но тие (колку што знам) сè уште не пристигнале во Грузија.
Колективен став за случувањата:
Станува збор за протести охрабрени и поддржани од Запад кои ги диригираат благодарение на нивните полномошници во Грузија, невладините организации, врзани и врбувани дипломати и интелектуалци и политички партии.
Овие протести беа претходно испровоцирани од владата. Сигурни сме дека безбедносните служби имаа информации дека оваа дестабилизација требаше да започне кон средината на декември (кога актуелниот претседател треба да ја напушти функцијата оти веќе е избран нов). Но тие ги принудија про-ЕУ масите да излезат неколку недели порано, пред темелно да ги испланираат или дури да ги вратат борците споменати претходно.
Имајќи ги предвид позициите на политичките лидери на ЕУ и САД (и покрај тоа што ОБСЕ објави подготвеност да работи со новоизбраната влада) ова е обид за обоена револуција.
Ако обидот биде успешен, руската интервенција е речиси неизбежна, бидејќи Грузија по 2008 година е речиси демилитаризирана. Руската Федерација ќе удри уште пред да се постави инфраструктурата на НАТО.
И тоа би бил „вториот фронт“ – поради некоја причина кога се зборува за втор фронт, луѓето мислат дека Грузија мора да ја нападне Русија, што е апсурдно… Во реалноста еден про-НАТО државен удар би бил доволен за да ја принуди Русија да дејствува. Откако Грузија ќе биде уништена, тие ќе пишуваат написи за уште еден „неиспровоциран напад“ на Русија врз нејзиниот мирен сосед.
https://agenda.ge/en/news/2024/41832#gsc.tab=0 – Кобахиѕе
https://civil.ge/archives/615670 – Херчински
https://www.state.gov/statement-on-georgias-suspension-of-european-union-accession/ – стратешко партнерство со САД
https://www.facebook.com/share/v/18HSCvEezG
https://www.reddit.com/r/Sakartvelo/comments/1h3ky6i/a_total_of_107_people_were_detained_last_night/ – Странци на протестите
https://civil.ge/archives/640252 – Западни санкции
https://www.interpressnews.ge/en/article/135582-in-tbilisi-and-several-cities-of-georgia-students-left-the-auditoriums-and-schoolchildren-left-the-classrooms-and-are-holding-protests/ – Универзитети и студентски групи
https://x.com/Zourabichvili_S/status/1863518661291512131 – Претседателката ги повикува учениците да се придружат на протестите