Настани

Промоција на „Исихија“, стихозбирката што ја доби наградата „Бели мугри“ за млад автор

Цветанка Невчева ја доби наградата ,,Бели мугриˮ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ и истата е дел од Едицијата: ,,Бели мугриˮ 2024.

Стихозбирката ,,Исихијаˮ ќе биде промовирана на 04 декември (среда) 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ- Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација ,,Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Пред 85 години од печат излезе стихозбирката ,,Бели мугриˮ од Кочо Рацин. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката ,,Бели мугриˮ.

Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата ,,Деновиˮ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска.
Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката ,,Исихијаˮ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!