АктуелноИнтернационално

(Фото) Левица на средби со властите на кинеската провинција Анхуеј – пораки за соработка и економски напредок

Во изминатите денови, делегација на Левица, составена од потпретседателот на Партијата, м-р Реџеп Исмаил, и портпаролот, Амар Мециновиќ, оствари важни средби со провинциските власти на Анхуеј и градските власти на Хефеи и Луан, во рамки на втората официјална посета на НР Кина.

Провинцијата Анхуеј, позната по своите напредни високотехнолошки капацитети, претставува пример за успешноста на социјализмот со домашни карактеристики, кој денес се наметнува како најдобриот модел за економски развој и благосостојба на сите држави во светот.

За време на посетата, делегацијата на Левица имаше можност одблиску да се запознае со начинот на кој НР Кина успева да постигне технолошки и економски напредок, што служи како инспирација за социјалистичкиот модел во други земји.

Во своите излагања, Исмаил и Мециновиќ изразија длабока благодарност до домаќините и другарите од Комунистичката партија на Кина за гостопримството и плодната размена на идеи.

Во нивните обраќања, потенцираа дека моделот на социјализам со домашни карактеристики е доказ дека со правилни политики, земјите можат да создадат економска стабилност, технолошки прогрес и зголемена благосостојба за својот народ, без зависност од либералниот капитализам.

Соработката со НР Кина, особено за земјите од Централна и Источна Европа, е од исклучителна важност, не само заради економските и технолошките придобивки, туку и заради промовирање на принципите на фер третман, заемна почит и суверенитет, соопштија од партијата.