Мојсоска: Oд криминогена партија која стана најбогатата Европа не очекувам никаков морал
- Фејсбук статус на Јована Мојсоска
Пратеникот што пцуе туѓи сестри е Зоранчо Јованчев од ДПМНЕ, иначе со две кривични пријави за крадење вода и градење дивоградба. Толку за моралниот интегритет на “народниов избраник”.
Иначе – добро бе, не ви е доволно што бркате симпатизери на Левица од работа, не ви е доволно што пуштате закани по егзистенција на оние кои ја поддржуваат Левица, не ви е доволно што си ги вработувате баџанаците пред студенти на генерација, не ви е доволно што знаете да владеете само со УЦЕНИ,ЗАКАНИ И ПРИТИСОЦИ – па сега треба да толерираме и фамилиите да ни ги пцуете?!
Јас никаков морал не очекувам од криминогена партија која стана најбогатата партија во Европа во најсиромашната држава и чии функционери изградија палати, додека народот чемереше.
Само една порака за крај (во духот на стариот, добар чичко Маркс): Ниту бараме милост и разбирање од вас, ниту ќе имаме милост и разбирање за вас – кога нашето време ќе дојде.