Актуелно

(Видео) Мицкоски: „Терористи“ од УЧК барани со потерници од Интерпол се добредојдени во Македонија

На пресконференицјата после меѓувладината средба на владите на Македонија и Косово на прашањето од новинарите дали членови на УЧК кои се барани со меѓународни потерници за воени злосторства можат да влезат во Македонија без да бидат уапсени, Мицкоски одговори дека истите можат слободно да влезат, шетаат и уживаат во Македонија.

Неумесниот одоговор на Мицкоски со кој најави дека е спремен да го прекрши и меѓународното право и меѓународните конвенции само за да се додвори на неговите коалициони партнери од ВРЕДИ кои имаат силни врски со косовската влада на Курти се појави и на социјалните мрежи. Граѓаните негативно го коментираа и изоставувањето на македонскиот јазик за време на меѓувладината средба во Приштина од страна на косовските власти.