Киев истрела ракети „ATACMS“ кон рускиот регион Бријанск
Против воздушната одбрана пресретна пет проектили од американско производство и оштети уште еден, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Американскиот претседател Џо Бајден, одобрил употреба на оружје испорачано од Америка за напади длабоко во Русија минатата недела. Москва претходно изјави дека ударите од долг дострел со западно оружје ќе претставуваат директна војна меѓу НАТО и Русија.
Според соопштението на Министерството за одбрана на Русија, Киев истрелал шест балистички ракети со долг дострел идентификувани како „ATACMS“ рано утрово. Пет од нив беа пресретнати со системите за противвоздушна одбрана С-400 и Панцир, додека еден беше оштетен и удри во близина на руската воена база во регионот Бријанск, предизвикувајќи пожар кој брзо беше саниран. Руската војска тврди дека од инцидентот нема штета.
Украинските медиуми претходно објавија дека Киев истрелал ракети „ATACMS“ на меѓународно призната руска територија за прв пат за време на конфликтот, објавувајќи наводна снимка од лансирањето. Нападот наводно бил насочен кон складиште за муниција во регионот Бријанск, иако воените претставници во Киев не ги потврдија тврдењата.
Денес рускиот претседател Владимир Путин нареди воведување на новата нуклеарна доктрина на земјата. Во документот се вели дека нападот врз Русија од страна на ненуклеарна сила поддржана од нуклеарна треба да се смета за заеднички напад на двете.
Во септември, Путин предупреди дека нападите на Украина со долг дострел со употреба на западно оружје ќе бидат сериозна ескалација на конфликтот. Киев не може да изврши такви напади без директен придонес од земјите-членки на НАТО, истакна тој.
Регионот Бријанск се наоѓа во западна Русија и се граничи со Украина и Белорусија, која е руски сојузник.