(Видео) Мециновиќ: Буџетот за 2025 е ‘уличарски’ – наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ
Говор на пратеникот Амар Мециновиќ од политичката партија Левица за предлог-буџетот за 2025 година.
„Што прават градоначалниците на ДПМНЕ 3 години? Знам што прават! 3 години сте на власт на локално ниво, сега ви текна за улици?
Во недостаток на визија, во недостаток на долгорочна економска политика – приоритетите на нашата Влада се да одговорат на изборната година и да освојат повеќе општини за и понатаму да може да продолжи агонијата на луѓето и испумпувањето пари.“