Антикризните мерки во студентските домови се за мотивација на студентите да учат

Date:

  • Пишува: Кристијан Димков – член на Црвена Младина

Антикризните мерки што владата ги воведува во студентските домови како главна стратегија за справување на енергетската криза, министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека биле дел од еден поголем план за да се мотивираат студентите повеќе да учат

„Видете ние во министерството увидовме дека студентите што престојуваат во студентските домови се главно тука за да избегаат од помалите градови што претходната власт (а не ние) ги осакати, и не се толку мотивирани во своите студии. Затоа еве ние се обидовме да убиеме две муви со еден удар и ем да штедиме врз грбот на студентите ем да ги мотивираме да учат.

Си велите како ги мотивираме со антикризни мерки да учат, сега ќе ви објаснам. Значи вака во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во четирите блока има по 14 ката, и сега ние најслбите студенти ги ставивме на повисоките катови и им го исклучивме лифтот за да ги мрзи студентите да одат по скалите нагоре-надолу 14 ката и да бидат приморани да учат, понатаму светлата надвор ги гасиме навечер, за да се плашат студентите да излегуваат надвор да не ги нападне некое куче скитник и повторно да бидат приморени да учат, парната ги гасиме (а кога ги има се на млака температура) за да бидат приморани студентите да лежат под ќебе и да учат.

Решоата и фрижидерите се забранети со иста намена, да не одат студентите до фрижидерот кенде-менде да јадат нешто, да им го оттргнува вниманието од студиите итн. Се е ова плански смислено со цел да се мотивираат студентите повеќе да учат.“

Вели во изјава за медиумите министерот за образование

Сатиричен текст

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...