(Видео) Црвена младина го врати графитот „Бугарите во Устав е предавство“
Активисти на подмладокот на Левица, Црвена младина, повторно го вратија графитот „Бугари во Устав е предавство“ испишан на кејот на реката Вардар во Скопје.
Откако неодамна графитот беше изменет да гласи „Бугари во Устав“ и со бугарско знаме нацртано наместо „е предавство“, сега повторно е вратен во првобитната состојба во пресрет на големиот празник 13-ти Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје од нацистичко-фашистичката окупација.
Од Црвена младина велат дека „ако треба уште 100 пати ќе дојдат“ за овој графит да стои во својата оригинална форма.
Графитот беше направен во април годинава, а осквернавен од бугарофили на 5 ноември.