АктуелноЛокално

(Видео) Додека Скопје се гуши, градоначалникот на Гази Баба наредил фрлање кабаст отпад на дива депонија и палење на истиот

Шокантни видео снимки и фотографии од настани кои се случуваат помеѓу Јурумлери и Долно Лисиче во Скопје.

Како што се гледа на видеото вработени во општина Гази Баба со која раководи градоначалникот Боби Стефковски од редовите на ДПМНЕ фрлаат кабаст отпад на дива депонија, а истиот отпад се пали најверојатно од страна на вработените. Камионите се во сопственост на Јавното Комунално Претпријатие на општина Гази Баба.

Ова е невиден скандал имајќи во предвид дека токму во зимските месеци кога Скопје се гуши поради загадениот воздух токму општините кои треба да го штитат животот и здравјето на граѓаните впрочем го загадуваат воздухот и го ставаат во ризик животот на граѓаните.

На овој скандал реагираа од Левица – Аеродром при што објавија дека воздухот во оптина Аеродром го загадува сопартиецот на ВД градоначалникот Деан Митески.

До нас стигнаа видео материјали како доказ за тоа како криминогените градоначалници од злосторничкото здружение ДПМНЕ на диво одлагаат кабаст отпад на диви депонии преку Вардар во непосредна близина на Долно Лисиче и истиот го палат.

Фатени на дело со службените возила на јавните претпријатија од нивните општини и со амин од нивните корумпирани градоначалници, како истите се „справуваат“ со кабастиот отпад, додека корумпираните инспекции од општините најверојатно знаат за криминалов и замижуваат по налог на нивните криминогени шефови.

Нема зима за криминалите на градоначалниците од злосторничкото здружение ДПМНЕ, додека они се фалат со собирање на отпадот со разни смешни видеа за беден ПиАр, ние аеродромци се гушиме секоја ноќ од чадовите на нивните запалени диви депонии кои никнуваат незаконски на секој чекор, гласи соопштението на партијата.