АктуелноЛокално

Конкурс за учество во програмата за одбележување на 13 ноември

Културно Информативен Центар – Скопје, објавува конкурс за учество во програмата за одбележување на 13 ноември и доделување на наградата „13 Ноември“. Се повикуваат музички изведувачи, солисти, групи, хорови, поети, итн., што ќе се се вклучат во програмата за одбележување на 13 Ноември (Ден на ослободувањето на Скопје) и доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2025 година.

Заинтересираните уметници, на еден документ да достават кус концепт за својот настап во рамките на програмата, програма со која би настапиле. куса биографија и контакт информации, на muzicka@kic.mk.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, поети и уметници. Конкурсот е објавен во четвртокот и истиот трае 10 дена од неговото објавување.

Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.