Левица одбележа 114 години од раѓањето на Коста Солев Рацин

  • Соопштение на Левица – ЛО Велес

Членови на Левица денес ја посетија родната куќа на Рацин, положија цвеќе пред двата споменици во Велес и во спомен Костурницата каде што се неговите мошти.

Коста (Кочо) Солев- Рацин е роден во скромно занаетчиско семејство во Велес, на 22.12.1908 година. Рано, многу рано врз неговите плеќи паднал товарот на егзистенцијалната грижа: уште на 12 години морал да го напушти училиштето и да му помага на татка си, грнчарот Апостол. Ноќите ги минувал напрегајќи ги очите да чита на скудната виделина од газиена ламба.

На 13.06.1943 година погинува на Лопушник под сѐ уште неразјаснети околности.

Згаснал неговиот живот, но не и жарот за борба кој и денес пламти во неговата поезија.

Рацин е поет на револуцијата и борбата. Стиховите на Рацин се актуелни и денес и ќе бидат актуелни сѐ додека има класна нерамноправност и експлоатација.