Јакимовски и ДПМНЕ контра граѓаните на Карпош
Став на Славко Митевски – советник од редовите на Левица во општина Кaрпош
Веќе подолго време во Карпош граѓаните си страдаат поради препукувањата на Стевче и ДПНЕ.
На скоро секоја од седниците оваа 2024, советниците на ДПНЕ не гласаат на повеќето од точките, и кога тоа е во интерес на граѓаните (што ретко се случува). Точките што Стевче ги става на дневен ред се или контра интересите на граѓаните или тежнее да го исцрпи буџетот предлагајќи точки каде се расфрла со народни пари и огромни суми, да се дадат за приватни комерцијални настани и финансиска поддршка на организации што си купуваат огромни имоти, а бараат помош од општината.
Не изостануваат и награди за вработените и други непродуктивни трошоци, но, кога се работи за деца од социјален ризик, тогаш се пали како куче во лифт. Згора на тоа, под рака му оди и централната власт што го стимулира да биде уште поостар во своите реакции, и, наместо да преговара во интерес на граѓаните за поголеми дотации, тој се расправа и плука по се живо и диво.
Од друга страна, откако дојдоа на власт ДПНЕ едвај чекаа да му се реваншираат за раскинувањето од пред две и кусур години. Додека секаде гласаат за ДУП-ови, само во Карпош ДПНЕ се цврсти да не му дозволат на Стевче да си прави бизнис со градежната мафија, бидејки тоа си е нивен бизнис и не сакаат со Стевче да го делат ќарот. Сигурно малку им е.
На крај, од раскинувањето на ДПНЕ и Стевче, го кркаат граѓаните што е можеби помала болка отколку да останеа во коалиција.
ДПНЕ има јасна цел – да го освои Карпош, самостојно по прв пат од постоењето на партијата, а ако тоа се случи, тогаш граѓаните на Карпош ќе видат кои се нивните планови и колку мислат за народот.
Само имаат еден проблем, она што ја имаат Левица во советот, догодина појака и покомпактна, и плановите нема така лесно да си ги остварат.