АктуелноЛокално

Инфлацијата го загрози животниот стандард – Левица со пакет предлози до Владата

Иако имаат апсолутната власт, ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ немаат ниту капацитет, ниту волја, да ја справат со економската криза која е настаната со галопирачко зголемување на цените на скоро сите основни производи! Конкретна реакцијата отсуствува, а тие се обидуваат да ја минимизираат важноста на проблемот, оставајќи ги граѓаните сами да се справат со последиците.

Континуираниот раст на инфлацијата доведе до сериозен пад на животниот стандард. Ваквата состојба бара итни и конкретни мерки, за ублажување на економската криза. Неопходна е државна интервенција, но и долгорочни политики за поддршка на економската стабилност за граѓаните и обезбедување на социјалната правда, преку обезбедување на егзистенцијата за оние со најниски примања.

Заради заштита на интересите на граѓаните, Левица предлага:

  • Час поскоро да ги замрзне цените на основните продукти;
  • Намалување на акцизите и даноците за енергенси, горивата и останатите продукти кои ги имаат ваква давачка;
  • Итно воспоставување на државни стопански резерви и директен владин увоз на есенцијални продукти, како и локален откуп на истите од македонските земјоделци и производители;
  • Прекин на бесмисленото вработување на сопствените партиски измеќари и политикантски мешетари, а средствата заштедени со оваа мерка да ги насочи на социјални програми;
  • Напуштање на десничарската неолиберална и пазарно квази-слободна економска политика, која го заштитува единствено интересот на капиталот и богатите.

Наместо декларативни заложби, потребни се конкретни акции за спречување на понатамошна дестабилизација на македонската економија, се вели во соопштението на партијата.