Градоначалникот Комненовиќ воопшто не покажува интерес за отстранување на балистичките споменици во северниот дел на општина Чучер Сандево

  • Реакција на Левица- Чучер Сандево

Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ воопшто не покажува интерес за случувањата во северниот дел на општината каде секојдневно никнуваат балистички спомен обележја на теростички бандити од УЧК.

По патот кој води до селото Танушевци изградени се споменици на терористи од УЧК без одобрение за градба од општина Чучер Сандево. Градоначалникот Комненовиќ воошто не постапува согласно со законите на Република Македонија и не ги остранува овие дивоградби. Не заинтресираноста и пасивноста на градоначлникот Комненовиќ ги плаши жителите на општина Чучер Сандево, особено ако се има во предвид дека градоначлникот Комненовиќ пред да стапи на градоначлничката функција бил полициски службеник.

Историски општина Чучер Сандево е препознатлива по ликот и делото на партизанот од НОБ Александар Урдаревски – Станко или Санде по чиј прекар општината го добила своето име Сандево. Александар Урдаревски (1920г – 1943г) постхумно во 1951 година е прогласен за народен херој.

Во општина Чучер Сандево има изградено споменик-паметник на ликот и делото на херојот Александар Урдаревски. За жал споменикот на Урдаревски во општина Чучер Сандево е оставен на забот на времето и истиот се распаѓа. Лошата состојба со спомен обележјето е резултат на пасивноста и незаинтересираноста на градоначлникот Комненовиќ и општинската администрација.

Левица бара веднаш градоначалникот на Чучер Сандево да ги острани спомен обележјата на терористи од УЧК долж патот до с. Танушевци и веднаш да направи санација и реставрација на споменикот на народниот херој од НОБ Александар Урдаревски.