Неквалитетна реконструкција на улиците во општина Кисела Вода- системски проблем на локалната власт
- Реакција на Левица-Кисела Вода
Граѓаните на општина Кисела Вода заслужуваат транспарентност и одговорност од локалната власт во однос на инфраструктурните проекти, кои директно влијаат врз квалитетот на нивниот секојдневен живот. За жал, сликите и сведоштвата од граѓаните на улицата „Мариовска 3“ во населбата Пржино како и многу други улици ја потврдуваат неодговорноста на градоначалникот и општинската администрација во соработка со приватните компании.
Ова не е прв пат во нашата општина реновираните улици да се далеку од основен квалитет. Наместо да бидеме сведоци на модерна и соодветно уредена инфраструктура, гледаме недовршени, неквалитетни асфалтирања, без никаков надзор што е задолжителен при вакви зафати. Вакво решение не само што е срамно туку претставува одраз на целокупната негрижа на локалната власт во трошењето на нашите пари.
Левица бара, реконструирањето на улиците да бидат со поставување соодветни рабници и сливници, согласно градежните стандарди. Не смееме да дозволиме ваква несоодветна реализација на проекти, бидејќи граѓаните со свои пари го плаќаат ова и заслужуваат квалитетни и трајни решенија.