АктуелноИнтернационално

Американски војници понижени во Турција. Толпата им става вреќа на глава и извикува „Јенки, одете си дома!“

Двајца американски маринци, кои се симнаа од американскиот воен брод „УСС Васп“ во турски Измир, беа нападнати од толпа народ.

Бели вреќи им беа ставани на главите, додека толпата извикуваше: „Јенки! Вратете се назад“.

Канцеларијата на гувернерот на Измир соопшти дека безбедносните сили „брзо интервенирале“, приведувајќи 15 осомничени. Напаѓачите биле членови на Националистичката младинска унија на Турција (ТГБ). Амбасадата на САД објави соопштение во кое се вели дека Американците „сега се безбедни“ и им се заблагодари на турските власти за „нивната брза реакција и истрага“.