АктуелноЛокално

Левица-Кисела Вода: Нова можност за профит на приватни оператори

  • Реакција на Левица-Кисела Вода

Денеска на 43-тата седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на дневен ред беше поставена точка “Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно Приватно Партнерство за модернизација на систем за јавно осветлување во општина Кисела Вода”.

Како советници на политичка партија Левица избрани од граѓаните на општина Кисела Вода за да ги застапуваме нивните интереси сме против ваква одлука, од причина што сметаме дека општината треба самата да се грижи за јавното осветлување со што би ја имплементирала својата идеја за смарт осветлување со сопствени финансии, а бенефитот од сопственото финансирање и управување би го реинвестирала за други потреби кои се од интерес на граѓаните. Свесни дека оваа инвестиција ќе чини, понудивме истата да се одвива во неколку етапи според расположливите финансиски средства на општината.За жал нашата интервенција по оваа одлука не беше прифатена и истата беше изгласана од владејачкото мнозинство на Вмро Дпмне, а тоа значи дека приватна компанија ќе инвестира, одржува и ќе остварува профит наместо општината.