Колумбија го прекинува извозот на јаглен во Израел – Геноцидот во газа мора да прекине
Колумбискиот претседател Густаво Петро потпиша декрет со кој се забранува извоз на јаглен во Израел! Тој ова го прави во обид да изврши притисок врз владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја прекине агресијата врз Газа.
Густаво во изјавата по потпишувањето на декретот рече: „Колумбискиот јаглен се користи за производство на бомби кои убиваат палестински деца“, наведувајќи го ова како клучна причина за прекинот на соработката.
Пред да биде потпишана оваа забрана, Колумбија беше еден од најголемите добавувачи на јаглен за Израел. Податоците обезбедени од одделот за национална статистика на Колумбија покажуваат дека извозот бил вреден повеќе од 320 милиони долари во првите осум месеци од минатата година.