12-то издание на изложбата ,,Сo љубов од Битола”

12-торо издание на изложбата ,,Сo љубов од Битола” ќе биде отворена на 22 август, четврток со почеток од 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола.Оваа година изложбата се состои 25 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше „Модерните архитектонски симболи на Битола “

Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година. Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент, од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектираа 22 фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектираа најдобрите 3 фотографии кои ќе ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои ќе добијат пофалница.

Сите фотографии кои пристигнаа на конкурсот а не беа селектирани како дел од изложбата ќе бидат дел од електронската изложба која ќе биде прикажана на денот на отворањето. Проектот ,,Сo љубов од Битола” оваа година е дел од Битолското културно лето Бит-Фест 2024.