АктуелноЛокално

Блерим Рамадани, кој побегна од куќен притвор веќе е на Косово

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена фотографија од Блерим Рамадани со извесен Несрет Шашивари, кој во објавата се претставува како негов внук. Во постот се вели: „Чичко Блерим Рамадани, добре дојде дома, во нашиот роден град“.

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бара Србија по потерница на Итерпол, беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години. 

Во меѓувреме судски му беше одреден куќен притвор,по што тој побегна. Потоа институциите како МВР и Министерството за правда – една по една се прогласуваа за ненадлежни. И според опозицискиот СДСМ индициите се дека Рамадани веќее на Косово.

Додека Тошковски и МВР се обидуваат несмасно да спинуваат дека судот е крив за бегството на Блерим Рамадани, тој веќе е на Косово. Има ли поголем доказ дека тој е намерно пуштен од МВР и Тошковски, што само за еден ден по бегството човекот е удобно дома па уште стигаат јасни пораки од Косово дека е таму? Кого се обидуваат да залажат институциите дека ова не е целосно сценарио за ослободување реализиран од МВР? Кој ќе сноси одговорност за бегството на човек баран со меѓународна потерница?