Левица: Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршувања на законот за јазиците
- Реакција на Политичката партија Левица
До Левица пристигнаа информации дека во општината Липково, улица во селото Матејче, од 2021 година го носи името на, како што стои во официјалното соопштение на општината, „маченик на нацијата“, односно, припадник на терористичката УЧК – Иљаша Мемеди. Дополнително, најголем дел од сообраќајните табли во општината со која раководи кадар на ДУИ, се напишани единствено на албански јазик, што е спротивно на Законот за употреба на јазиците.
Согласно овој закон, член 1, став 1: „на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“, – а за прекршување на овој член, предвидена е казнена, глоба од 4 000 до 5 000 евра!
Оваа комбинација на глорифицирање на необалисти и терорист, како и прекршување на законите на Република Македонија, се најголем показател за целосното непочитување на Републиката, од страна на необалистичките политички субјекти, кои додека живеат и се богатат од една држава, сонуваат и работат за друга!
Левица јa повикува централната власт и Инспекторат за употреба на јазиците да го оправда своето постоење, и како институција да го санкционира ова однесување на градоначалникот на општина Липково – Еркан Арифи! Ваквите постапки, освен што ја крши законската регулативна, дополнително претставуваат тенденција која го поткопува унитарниот карактер на државата.