Министерката со бугарски пасош Сања Божиновска со имот од кој боли глава! Два стана во Шпанија, еден во Португалија и Србија…

Новата министерка за енергетика која поседува и бугарски пасош Сања Божиновска во својот анкетен лист навела мултимилионски имот од кој боли глава.

Ваков имот за да заработи еден обичен работник би му требале над десет животни века.

Министерката поседува четири стана во странство и тоа два во Шпанија и по еден во Португалија и Србија. Вредноста на само овие 4 стана е проценета над милион евра или над 63 милиони денари.

Во Македонија министерката поседува два стана во центарот на Скопје и земјоделско земјиште во Скачковце. Вредноста на овој имот се проценува на 9 милиони денари или 150 илјади евра. Се надеваме дека додека е на позицијата министер за енергетика намената на овие две парцели земјоделско земјиште нема магично да се претвори во земјиште наменето за поставување фотоволтаици.

Министерката има и четири трансакциски и девизни сметки во странство и тоа две во Чешка и по една во Шпанија и Португалија.

Во нејзин посед е и компанија во Република Чешка.

Од моторни возила министерката поседува џип Нисан Инфинити во вредност од околу 40 000 евра.

Ваков богат имот може само да сонуваат европските министри во развиените европски држави членки на ЕУ кон кои ние стремиме.