АктуелноЛокално

Левица-Ѓорче Петров: Граѓаните покрадени и измамени од Општината-нема ниту асфалт,ниту канализација… Каде се парите од самопридонес?

  • Реакција на Левица-Ѓорче Петров

Советниците од Левица по втор пат поднесоа Иницијатива за изведба на канализација и асфалтирање на крак од ул.60 во Волково. Овој пат, Иницијативата беше поткрепена со три решенија (откако претходно општинската администрација тврдеше дека за овој крак не постои решение) и потписи од жителите на конкретната улица.

После два месеца од поднесувањето на Иницијативата и поднесено писмено Барање за дополнување на дневниот ред за 44-та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров – Иницијативата не се најде на дневен ред.

Мнозинството од ДПМНЕ (по насока на Градоначалникот) го ОДБИЈА и барањето за дополнување на дневниот ред на самиот ден на седницата, дури и откако жителите објаснија и приложија фотографии од нивното секојдневие, па затоа, на седницата не се донесе никаква Одлука или Заклучок.

Жителите на оваа улица и после неколку децении се оставени да живеат во супстандардни услови. Без канализација и со поплави до степен на непроодност при секој дожд.

Како што велат тие, и од страна на Стојкоски во предизборната кампања им била ветена изведба на канализација, но како и до сега, не се презема никаков чекор за подобрување на ситуацијата, а игнорантскиот и ноншалантниот однос продолжува.

Покрај секојдневните лаги, на граѓаните на оваа улица им била ветена конечна изведба на канализација за што Општината побарала жителите да уплатат илјадници евра. Денес никој не знае каде завршиле тие пари.

На последната седница на Советот, подносителите на Иницијативата (советниците од Левица) ги повикаа да присуствуваат и засегнатите жители.