АктуелноИнтернационално

Сијарто: Стратегијата на ЕУ и САД не даде никакви резултати во Украина

Унгарскиот Министер за надворешни работи смета дека стратегијата на земјите од Западот по однос на Украина целосно пропаднале. Според него, неопходно е да се влезе во преговори.

Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Како што пренесе Еуроњуз, тој за унгарското радио додаде дека „сега на сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД во изминатите две и пол години војна во Украина не дала резултати, иако западните политичари не сакаат тоа јавно да го признаат бидејќи тоа би значело признавање на поразот“.

Сирјато тврди дека санкциите не само што не испорачале резултати, туку дополнително наштетиле на земјите од ЕУ, додека испраќањето на оржужје во Украина дополнително ја влошило целата состојба.

Санкциите беа пукање во стапало, па во колено, па во гради за европската економија, додека испораките на европско и американско оружје не ја променија ситуацијата на бојното поле и не ја доближија војната до крајот, рече Сијарто.