Крмов: Левица е единствена опција во левиот блок

Во изјава на Пратеникот од редовите на Левица – Борислав Крмов за ТВ „Стар“ по однос на пасокизацијата на СДСМ, констатираше дека партијата е единствена опција во левиот блок.

„Пасокизацијата т.е. распаѓањето на СДСМ по примерот на Пасок од Грција е процес којшто го предвиде единствено Левица кога никој не веруваше дека може да се случи!Тогаш луѓе ни се смееја, сега гледате дека во овие општествени економско – социјални услови, тој процес ни се случува пред очи.“ – Изјави Крмов.

Во продолжение тој додаде дека Левица е единствената политичка сила која може да се спротистави на Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ.

Но, ние цениме дека граѓаните од левиот политички спектар нема да гласаат за привезок на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека им останува само Левица како опција – единствениот политички субјект којшто има сила и планира да ù се спротивстави на целосната вмроизација на оваа држава, јас така би ја нарекол, којашто ќе следи после локалните избори.“