АктуелноЛокално

Одбележување на 81 година од формирањето на јадрото на Кумановскиот Народноослободителен Одред

  • Соопштение на Левица-Куманово

Делегација на Левица ЛО Куманово денес положи цвеќе на спомен плочата подигната во чест на 11-те партизани кои на денешен ден во 1943 година смело тргнале во борба против бугарскиот фашистички окупатор.

Кога во овие историски моменти на Република Македонија ѝ се закануваат анти-македонски елементи одвнатре и однадвор, не смееме да дозволиме да го бришат и истиснуваат нашето антифашистичко минато, во време кога на политичките елити им се поважни бизнис интересите и кога национал-шовинистичките апетити растат, поважно од било кога е да го зачуваме столбот на македонската државност.

Првенците на кумановскиот партизански одред се пример за борбениот и револуционерен дух на кумановци, АСНОМ живее!

Слава им!