Исмаил: Потребна е промена на бинационалниот политичкиот систем

  • Секвенци од излагањето на Пратеникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан по однос на укинувањето на Министерството за Политички систем и односи помеѓу заедниците, односно неговата реорганизација само во Министерство за односи меѓу заедниците, каде политичкиот систем целосно се исклучува.

,,Во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, магично ,политички систем’ испарува од ова Министерство. Останува Министерство за односи меѓу заедниците, а политичкиот систем никаде го нема.

Истиот овој политички систем наместо да се менува, останува ист во насока да предизвикува племенски поделби, а не е за национално единство и ја загрозува унитарноста на државата”.

Насушна потреба е промена на политичкиот систем кој продуцира бинационалност во Републиката”.