Крмов: Неопходно е воведувањето на една изборна единица
Во интервју за регионалната „ТВ Стар“ пратеникот од редовите на Левица Борислав Крмов истакна дека е неопходно да се промени изборниот модел во републиката.
„Тоа е една од најбитните работи којашто мора да се направи во државата. Меѓу другото, постојниот Изборен законик, на начинот како што е со шест изборни единици, го крши и Уставот, затоа што имате ситуации некаде да се бираат пратеници”, – изјави Крмов.
Крмов потенцираше дека во ИЕ6 за да добиете еден пратеник ви требаат речиси двојно помалку гласови споредено со ИЕ3 или со ИЕ4.
,,На пример, во Шестка, со шест и пол илјади гласа, а некаде, како на пример, во Единица, Двојка или Тројка – со десет илјади гласа, што значи – не е глас за глас. Така што Левица е една од пооштетените партии. Уште во 2020 год. ние требаше да имаме пет пратеника, а добивме два”.
На крајот тој констатираше дека Левица и на овие избори е оштетена за пратеничко место. ,,Сега ни украдоа еден пратеник, така што во демократскиот процес, тоа е еден од најбитните закони”.