Словенија воспостави дипломатски односи со Палестина

Неколку дена по Шпанија, Ирска и Норвешка, вчера Словенија ја призна Палестина како независна држава. Денес, двете земји, официјално воспоставија дипломатски односи. Словенија е 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА.

На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.

Палестина веќе е призната како држава од повеќе земји. Но сепак, тоа не важи за империјалистичките западни хегемони како САД и Велика Британија, како и поголемиот дел од земјите со развиено капиталистичко уредување од ЕУ.