АктуелноЛокално

Мециновиќ: Патни трошоци да се пренаменат во средства за лекување на болни дечиња

Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција” само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци”.  Овој факт беше искоментиран од страна на портпаролот на Левица – Мециновиќ, ќој изјави дека овие средства можат да се пренаменат за лекување на болни дечиња.

Јас ќе бидам искрен, можеби е малку популистички но искрено е реална и ние стварно би ја поддржале таа иницијатива. Ајде да ги сумираме сите бројки од претходниот мандат, колку инкасирале пратениците и ајде таабројка сега да ја реплицираме во еден фонд за помош на лечење на нашите дечиња во странство, затоа што здравствениот систем е руиниран и ако приметите ниту една партија  не зборуваше за здравствениот систем во предизборието затоа што е толку руиниран. Веќе неманови клинички центри, рекоа го оставаме клиничкиот центар уште сто години, вели Мециновиќ во  во гостување во „Тешки муабети“.

Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници”. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.