Уставниот суд ги укина ДУП-овите за Маврово

  • Фејсбук пост на адвокатот Драган Пешевски

Уставен суд ги укина одлуките за прогласување на ДУП-овите (2001 – 2015) за Националниот парк Маврово, по иницијативата на адвокатската канцеларија Пешевски – Тимовски.

Нема веќе дивеење во Маврово! Нов здив свеж воздух за угушеното од криминал и корупција Маврово.

Е сега уставен немал “кохонес” да ги поништи против уставните и против законските документи иако требал тоа да го стори затоа што во суштина се работи за документи кои ако не се донесени во законски предвидената форма се смета како никогаш да не се донесени, но нека не мисли дека победата е пирова. Пресудата ке биде испратена до сите засегнати институции, а тука мислам на општината, надлежните министерства, обвинителството, па очекувам да биде предмет на ревизија се што е незаконски изградено, а секој што се дрзнал да носи незаконски одлуки веројатно за дебела надокнада да одговара!!!

Мотивите позади оваа иницијатива не беа ни најмалку лични (иако јас сум половина од своето време таму) туку општествени, а нема поголемо задоволство од тоа кога со својата работа допринесуваш за општо добро!!!

Дел по дел се ке средиме и сите ке ве решиме!!!