АктуелноЛокалноНастани

Таравари ако ги слуша барањата на ЕУ, тогаш ќе бара укинување на рамковниот балансер, посочи Мојсоска

МОЈСОСКА: ТАРАВАРИ АКО ГИ СЛУША БАРАЊАТА НА ЕУ ЌЕ БАРА УКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ БАЛАНСЕР

Во гостување за ТВ 24, новиот пратеник од редовите на #Левица – Јована Мојсоска се осврна на условувањата за промена на Уставот во рок од 6 месеци.

Мојсоска потенцираше дека потребно е Таравари да ги слушне и другите барања кои доаѓаат од ЕУ и кои се нотирани во извештаите на Европската Комисија.

Таа додаде дека во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека рамковниот Балансер не ја одразува реалната слика на населението и дека тој веќе ја загрозува ефикасноста на институциите. Мојсоска додаде дека никој нема слух ниту за забелешките на Венецијанската Комисија во однос на ДВОЈАЗИЧНОСТА, која ја надминува и Рамковната конвенција за малцинствата.

Мојсоска го повтори ставот дека Левица нема да биде дел од Влада која ќе изврши промена на Уставот и токму Левица ќе се наметне како фактор за поставување црвени линии во одбрана на македонските интереси.